Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердгон ги нападна во вторникот мерките на неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за борба против исламистичкиот екстремизам и активизам, тврдејќи дека тие претставуваат одмазда кон муслиманите.
„Оние коишто се вознемирени од растот на исламот ја напаѓаат нашата религија постојано зборувајќи за кризите коишто лично ги предизвикале“, изјави Ердоган во видеопораката на состаникот на врвот на Организацијата за исламска соработка (OIC).
„Антиисламскиот дускурс е најпрофитабилното орудие на западните политичари да ги сокријат своите неуспеси“, додаде турскиот претседател.
Макрон претходно по двата исламистички напада во Париз најави мерки за борба против исламистичкиот активизам и се зазема за градење ислам кој одговара на „вредностите на Републиката“. Рече дека владата работи со главната муслиманска организација во Франција за да изгради „ислам на просветителството“ кој може да биде „во мир со Републиката“.
Ердоган го прозва Макрон тврдејќи дека главна цел на неговите иницијативи е „да ги израмни сметките со исламот и муслиманите“.
„Под превезот на борба против екстремизмот негова цел е да создаде пасивен, слаб, кукавички и ненаметлив муслимански граѓанин кој не реагира на свирепоста“, рече Ердоган неколку дена откако 18-годишен ученик среде бел ден на улица обезглави професор по историја кој на час зборувајќи за слободата на говорот прикажал карикатура на пророкот Мухамед претходно предупредувајќи ги учениците кои го исповедаат исламот да го напуштат предавањето.
Макрон најави дека ќе присуствува на погребот на професорот Самуел Пати, кој како што се сомнева истрагата, е убиен токму поради дискусијата на карикатурите на пророкот Мухамед, за што неколку денови претходно повторно беше нападната поранешната редакција на сатиричниот магазин Charlie Hebdo токму поради тие карикатури.
Charlie Hebdo на 1-ви септември повторно ги објави контроверзните карикатури кои во муслиманскиот свет се сметаат за голема навреда, по повод почетокот на судењата за нападите во Париз во јануари 2015 година кои треба да завршат на 10-ти ноември. Во нападот на редакцијата на весникот на 7-ми јануари 2015-та со истиот мотоив, беа убиени 12 луѓе, меѓу кои новинари и карикатуристи.