Ердоган го отвори градилиштето за „Истанбулскиот канал“

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го отвори во саботата градилиштето за првиот мост од проектот „Истанбулски канал“, гигантски прокоп паралелен со Босфорскиот теснец во Истанбул, иницијатива којашто очекувано ја критикува опозиција и прозападните еколошки активисти.

„Денеска вртиме нова страница во историјата на развојот на Турција“, рече Ердоган на свеченоста на пологањето на каменот-темелник за мостот кој е дел од проектот.

Каналот долг 45 километри, чиј проект лично го поддржа турскиот претседател, би требало да претставува вештачки теснец западно од мегалополисот Истанбул со спојување од северн кон југ на Црното и Мраморното Море.

Критичарите го обвинуваат Ердоган дека овој проект ќе ја одведе Турција во еколошка катастрофа, како и дека претавувало големо непотребно задолжување.

Ердоган речиси целиот говор го посвети во одбрана на проектот и ја спомена опаснота од сѐ погустиот бродски сообраќај во Босфорот каде изминатиот период се случија неколку хаварии, и порача дека проектот ја гарантира безбедноста на жителите во Истанбул и ѝ овозожува на Турција да зазема позначајно место на во меѓународната трговија којашто се остварива во бродски транспорт.

На проектот со сомнежи се гледа и во странство, особено во Русија која смета дека со тоа ќе им биде олеснет пристапот на бродовите на НАТО во Црното Море.

Според одредбите од Конвенцијата од Монтре од 1936 година, којашто го регулира и пловењето низ Босфорскиот канал единствениот природен пристап до Црното Море, земјите кои не излегуваат на ова море мораат претјодно да го најават минувањето на своите бродови, а се ограничува престојот на воени бродови во Црното Море на земјите што немаат излез и тие не смеат на таа територија да ги задржуваат своите бродови подолго од 21 ден. Документот, исто така, предвидува дека во акваториумот истовремено може да се наоѓаат до девет такви бродови со вкупна носивост не поголема од 30 илјади тони.

Ердона истакна дека Конвенцијата од Монтре не содржи низа безбедносни прашања, што го зголемува ризикот од хаварии при пловење по Босфорот.

„Овој проект во ниеден случај не ја нарушува Конвенцијата од Монтре“, изјави поранешниот премиер Бинали Јилдирим кој на настанот зборуваше по претседателот Ердоган.

Изградбата на новиот канал се проценува на 15 милијарди долари, а предвидениот рок за завршување на работите е шест години, при што Турција се надева дека самата изградба ќе привлече и странски инвестиции. Како што посочи Ердоган, низ „Истанбулскиот канал“ ќе можат да пловат танкери за нафта и природен течен гас со должина до 275 метри, како и контејнерски пловила долги до 300 метри.

Се очекува, исто така, дека каналот ќе го скрати чекањето за премин од едното во другото море, бидејќи бродовите на ред сега чекаат и до 15 часови. Ердоган притоа рече и дека „ќе се избегнат несреќи“ зашто каналот ќе биде „дванаесет пати побезбеден“