Ердоган и Киличдароглу речиси израмнети пред неделните избори

Шансите за победа во вториот круг на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган и на неговиот предизвикувач од обединетата опозиција Кемал Киличдароглу се речиси подеднакви, произлегува од резултатите на испитувањето на јавното мнение на центарот Area Araştırma објавени во петокот.

Во првиот круг пред две седмици, Ердоган освои 49,52 отсто од гласовите и за половина процентен поен по речиси две децении на власт не избори победа во првиот изборен круг, за што му беа потребни 50 отсто плус еден глас. Киличдароглу освои 44,88 отсто, а третиот кандидат Синан Оган 5,3 отсто од гласовите.

Според најновите податоци од анкетата, кои се слични како и оние од пред првиот круг, 44,7 отсто од испитаниците рекле дека во недела би гласале за Киличдароглу, додека 43,7 отсто се определиле за Ердоган. Другите 11,6 отсто или сѐ уште не се определиле или воопшто нема да излезат на гласање.

Доколку се случи распределба на неопределените гласови меѓу кандидатите, центарот прави проекција дека Киличдароглу би освои 50,6 отсто а Ердоган 49,4 отсто од гласовите.

Со анкетата спроведена на 24-ти и 25-ти мај биле опфатени 2.026 испитаници во 26 од 81 турски покраини, а маргината на можната статистичка грешка изнесува 2,18 проценти, според центарот.

Инаку, во последната анкета на Area Araştırma пред првиот круг на претседателските избори 49,1 отсто од анкетираните го поддржаа Киличдароглу, а Ердоган имаше поддршка од 46,1 отсто од испитаниците.

Пред вториот изборен круг, Киличдароглу радикално ја промени својата реторика, и го презема вокабуларот на националистот Синан Оган, особено во однос на околу четирите мигранти во Турција за кои рече дека во рок од една година ќе ги врати во земјите на нивното потекло.

Со тоа Киличдароглу ја доби поддршката на Умит Оздаг, лидерот на националистичката Партија на победата, која освои 2,2 отсто од гласовите на парламентарните избори на 14-ти мај, кој ги повика приврзаниците да гласаат за Киличдароглу на 28-ми мај во вториот круг во кој ќе се обиде да ја запре дведецениска власт политичка доминација на Ердоган на политичката сцена во Турција. Оваа поддршка може да ја намали предноста што Ердоган ја стекна во понеделникот кога беше поддржан од Синан Оган, националистички кандидат кој заврши на третото место во првиот круг.

Блокот од сега седум опозициски партии кој го поддржа Киличдароглу не освои доволно гласови за да формира мнозинство во парламентот, на парламентарните избори одржани на истиот ден со првиот круг од претседателските избори. Ердоган, кој има мнозинство, затоа изборите во недела ги претставува како одлука за стабилноста на државата.