Турција со загриженост го следи настаните на европските улици и се противи на примената на прекумерна сила против демонстрантите, изјави во саботата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, алудирајќи на протестите на „Жолтите елеци“ на кои во Франција и Белгија беа приведени стотици лица а полицијата употреби солзавец.
„Оние коишто ја обинуваа нашата полиоција за опресија, би требало да погледнат што нивната полиција сега работи… Сцените на хаосот“ покажуват дека Европа потфрлила „на тестот на демократијата, човековите права и слободите“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за полициската интервенција „на најгруб начин“ во Париз и на други места.
Протестите кои ги поттикна најавеното згоелмување на даноците на горивото во Франција се проширија и на Белгија и на Холандија, трет викенд по ред.
„Тоа се оние коишто молчеа на сите коишто се обидуваа да пролеат крв и да ги запалат нашите улици“, рече турскиот челник на отворањето на развојни проекти во истанбулскиот кварт Ускудат. Ги обвини одредени европски земји, без да ги именува, дека останаа неми и не го осудија обидот за воен преврат и државен удар од 15-ти јули 2016 година во Турција.