Ердоган и Вучиќ на средба во Истанбул

Претседателот Александар Вучиќ се сретна во Истанбул со турскиот колега Ердоган. Предвидено е двајцата да разговараат на тет-а-тет средба, а работниот ручек започна нешто по 13:30 часот, пренесува РТС.

Во пресрет на средбата со Ердоган, Вучиќ изјави дека е важно за Србија да има одлични односи и комуникација со Турција, бидејќи таа е една од најважните сили во светот.

Темите на состанокот, како што најави, ќе бидат сите „горливи прашања“, како и економски теми.

Тој прецизираше дека ќе побара од неговиот турски колега поддршка за една индустриска зона во Србија, бидејќи има заинтересирани турски компании за развој, но потребна е и поддршка од претседателот на Турција.

Покрај ова, теми ќе бидат односите во Медитеранот, но и договорот потпишан во Вашингтон.