Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ѝ нареди на крајбрежната стража на миргантите, поради нивната безбедност, повеќе да не им дозволува преминувања преку Егејското Море на грчката граница, односно надворешната на Европската унија.
„Илегалните преминувања на мигрантите преку Егејското Море не се дозволени, бидејќи се опасни“, соопшти турската крајбрежна стража повикувајќи се на указот од претседателот Ердоган.
Спроведувањето на мерките ќе ги надгледува министерството за внатрешни работи.
„Иако принципот на неинтервенирање во случај на илегалните мигранти кои сакаат да ја напуштат Турција и натаму ќе се спроведува, оваа постапка не го покрива преминувањето преку морето поради опасност по животот“, се додава во изјавата.
Турската крајбрежна стража ја обвинува Грција дека ги крши меѓународните закони доведувајќи ги чамците со мигрантите во опасност, како и дека во четвртокот спасила речиси 100 мигранти од три бротчиња кои Грците ги оставиле попупотопени.