Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во понеделникот дека на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на крајот ќе му се суди како воен злосторник поради тековната израелска офанзива во палестинската енклава Појасот Газа, обвинувајќи ги западните земји кои го поддржуваат Израел за соучесништво во злосторствата.
Турција, која поддржува решението со две држави за деценискиот конфликт, остро го критикуваше Израел за неговата воена кампања во Газа, започната како одговор на нападот без преседан на милитантната група Хамас на 7-ми октомври.
Во одмазничките израелските воздушни и копнени напади загинаа повеќе од 15.500 луѓе, од кои близу половината се деца и млади, соопшти Министерството за здравство на Газа, податоци кои Обединетите нации ги сметаат за веродостојни
Говорејќи на состанокот на одборот на Организацијата за исламска соработка (OIC) во Истанбул, Ердоган рече дека западните земји кои го поддржуваат Израел даваат „безусловна поддршка за убивање бебиња“ и се соучесници во неговите злосторства.
„Покрај тоа што е воен злосторник, на Нетанјаху, кој е касапот на Газа во моментов, ќе му се суди и како месар на Газа, исто како што му се судеше на Милошевиќ“, рече Ердоган, мислејќи на поранешниот југословенски и спрски претседател Слободан Милошевиќ, кој беше обвинет за геноцид, злосторства против човечноста и воени злосторства пред Трибуналот во Хаг.
„Оние кои се обидуваат да ја игнорираат смртта на сите оние невини луѓе и кои го користат Хамас како изговор, немаат повеќе што да му кажат на човештвото“, додаде Ердоган алудирајќи на западните сили, за кои рече дека се „слепи и глуви“.
За разлика од повеќето нејзини западни сојузници и некои земји од Персискиот залив, Турција којашто е членката на НАТО не го смета исламистичкото палестинско движење Хамас за терористичка група и прима посети на некои нејзини претставници. Меѓутоа, Катар кој е исто така е значаен регионален сојузник на САД кои го поддржуваат Израел е седиште на политичките претставници на Хамас.
Ердоган, чија владејачка партија има конзервативни исламистки корени, рече дека таканаречената контакт група на муслиманските земји, формирана минатиот месец од Организацијата за исламска соработка и Арапската лига за да одржи разговори за Газа со западните земји и други, ќе продолжи со разговорите додека не престанат борбите во Газа, но и дека мора да се направи уште повеќе.
Ердоган, кој долго време бара реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации за да биде поинклузивен, исто така, рече дека ОН не успеале на тестот за Газа и повика на итни реформи, повторувајќи дека петте постојани членки на Советот за безбедност – САД, Русија, Кина, Британија и Франција – не го претставуваат светот.
„Членките на Советот за безбедност ги саботираа искрените напори на генералниот секретар (Антонио) Гутереш“, рече Ердоган. „Никој од нас не мора да го прифати овој систем“, додаде тој. „Не е можно таква структура да донесе мир или надеж за човештвото“, заклучи турскиот претседател.