Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се подготвува за големи промени во Владата, како резултат на корупцискиот скандал што го потресе турскиот кабинет.
Според весникот „Хуриет“ Ердоган , кој и без тоа се очекуваше да направи промени пред општинските избори на 30 март, најверојатно ќе смени десет од своите министри до крајот на месец декември.
Весникот „Милијет“, пак,објави дека оваа недела ќе биде решавачка за министри од турската Влада и распределбата на позициите.
„Си-Ен-Ен Турк“ смета дека „големите владини ротации“ ќе бидат извршени откако Ердоган ќе се врати од посетата на Пакистан, односно утре.