Ердоган порача Шведска да не очекува поддршка од Турција за членството во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача во понеделникот дека Шведска не треба повеќе да ка очекува поддршката на Анкара за нејзината кандидатура за членство во НАТО, по скандалозниот инцидент во Стокхолм во неделата, кога беше запалена муслиманската света книга Куранот.

„Таквите валкани акции во Шведска, па дури и во близна на нашата дипломатска мисија, се сметаат за навреда и на муслиманите, и воопшто за сите луѓе, за сите права и слободи. Вие продолжувате да ги поддржувате терористите и очекувате поддршка за влез во НАТО. Така нема да оди. Шведска не треба повеќе од нас да ја очекуваа таа поддршка“, рече Ердоган во обраќањето до нацијата по заседанието на турската влада, кое го пренесуваа телевизиите,

Турскиот челник оцени дека оние „кои создаваат таква ерес“, како и оние кои дозволуваат да се спроведуваат такви акции треба да одговараат за своите постапки. Ердоган додаде дека очекува Стокхолм целосно да ги исполни своите обврски кон Турција во борбата против терористичките организации.

„Доколку шведските власти толку многу ги почитуваат правата и слободите, тогаш, пред сѐ, треба да ги почитуваат верските чувства на Турската Република и на сите муслимани. Ако не ја покажете оваа почит, тогаш, простете, но од нас нема да добиете нималку поддршка за влез во НАТО“, додаде Ердоган во говорот што го пренесуваше телевизијата TRT.

Во саботата во близина на турската амбасада во Стокхолм се одржа собир на кој беше запален Куранот, предводен од лидерот на данската екстремно десничарска партијата Тврд курс, Расмус Палудан. Десет дена претходно, на 11-ти јануари во Стокхолм се одржа и протестен собир за поддршка на Работничката партија на Курдистан (PKK), која од 1980-те години води сепаратистичка војна со турската држава и е ставена на листата терористички организации на Турција, но и на САД и на Европската унија. Тогаш учесниците на протестот изведоа симболично бесење на кукла со ликот на турскиот претседател Ердоган.

Анкара и пред инцидентот го предупреди Стокхолм дека давањето дозвола за одржување на настанот за кој претходно беше најавено палењето на светата книга на муслиманите штетно ќе влијае врз односите меѓу двете земји. Турското министерство за надворешни работи соопшти дека овој чин сведочи за нивото на исламофобија, расизам и дискриминација во Европа.

Заменикот челник на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP), Нуман Куртулмуш, предупреди дека Турција нема да го ратификува барањето на Шведска за членство во НАТО, сѐ додека земјата не ги исполни договорот за постигнат со Анкара за борба против тероризмот.

Инцидентите и одбивањето на Шведска да поведе постапки против инволвираните во скандалозните собири предизвика жестока реакција од Анкара, откако претходно

Анкара претходно изрази разочарување и од одлуката на Врховниот суд на Шведска од крајот на минатата година со којашто е запрено барањето за израчување на новинарот Булент Кенеш осуден во Турција за учество во дека е припадник на мрежата FETO, обвинета дека стои зад неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година.

Труција, исто така, порача дека Шведска и Финска мора да ѝ предат до 130 терористи пред парламентот во Анкара да го потврди нивното барање за членство во НАТО. Анкара особено ја истакна Шведска, како држава која мора да заземе јасен ставв против лицата коишто турските власто ги сметаат за терористи.

шведска

Шведска и соседната Финска по децениите тесна и континуирана воена соработка со НАТО и покрај декларативната воена неутралност, во мај годинава под изговор за закана од Русија по почетокот на војната во Украина, побараа полноправно членство во Алијансата.

Нивната кандидатура поднесена во мај на вонредниот самите на НАТО во Мадрид, досега ја поддржаа 28 од 30-те членки на Северноатлантскиот сојуз, Унгарија тоа ќе го стори во февруари, а Анкара го условува приемот на Стокхолм и Хелсинки со израчување на припадниците на организациите на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во егзил во САД – FETO коај е обвинета за неуспешниот воен преврат во јули 2016 година и на Работничката партија за Курдистан (PKK) кои се означени како терористички организации и бара од двете земји да им го укине политичкиот азил даден на нивни членови против кои има отворено истраги или судски процеси.

До крајот на јуни се чинеше дека спорот меѓу Анкара, од една страна, и Стокхолм и Хелсинки, од друга страна, поради поддршката на терористичките организации е надминат. Турција, Шведска и Финска на самитот на НАТО во јуни во Мадрид потпишаа меморандум, но Анкара повторно се закани со блокирање на приемот на двете нордиски земји. Стокхолм и Хелсинки со него се согласија да преземат низа потези со кои ќе ги отстранат забелешките на Турција за нивите политики кои ѝ штетат на нејзината национална безбедност. Но владите на двете земји подоцна изјавија дека не се согласиле на посебни екстрадиции и дека сите барања од Анкара ќе бидат решавани во согласност со домашното и меѓународното право.

Меѓутоа, значајна улога во блокирањето од страна на Анкара има и одлуките на поедини земји членки на НАТО кои ги запреа продажбите на оружје за Турција. Конкретно Финска и Шведска имаат ембарго врз испораките на оружје за Турција поради нејзината копнена инвазија против курдските милиции во северна Сирија, Единиците за заштита на народот (YPG) кои ги смета за сириско крило на PKK а се вооружувани и обучувани од САД и чија припадничка е обвинета за терористичкиот напад од минатиот месец во Истанбул во кој загинаа шест лица.