
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја објави во саботата пораката во пресрет на Божик, на турските државјани од христијанска вероисповед и каде што најголемиот број од православните верници го одбележуваат празникот според Грегоријанскиот календар, во којашто се насочува на вредностите на соживотот.
„Сакам Божик кој го прославуваат нашите државјани христијани од различни традиции и цркви во согласност со своите уверувања да ги води кон јакнење на атмосферата на солидарност во нашата земја“, порачува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Турскиот челник ја опишува притоа разноликоста во вероисповедите во Турција како нешто што е вредно да го поседува една земја. Нагласува дека тоа е „најголемата сила којашто ја имаме и којашто ќе го овозможи нашиот мирољубив соживот“.
Треба да се истакне дека Ердоган, кој е челник на исламско-конзервативна Партија на правдата и развојот (AKP), исто така, неодамна објави празнична порака по повод Ханука, во којашто еврејските државјани ги опиша како „неодвоив дел од нашето општество“.
„Ќе продолжиме да ја одржуваме атмосферата на мир и стабилност, коишто се темелите на меѓусебното почитување и љубовта во нашата небесна татковина“, рече Ердоган во пораката објавен претходно во декември.