Ердоган со намера да побара средства од Лондон, Париз и Берлин за враќање на сириските бегалци

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган планира да постигне договор со Велија Британија, Франција и со Германија за добивање средства за Анкара за нејзината политика кон Сирија, вклучително и враќање на бегалците во Сирија.

Според американски медиуми, преговорите за тоа прашање треба да се одржат на средбата на врвот на НАТО во Лондон на 3 и 4 декември.

Целта на потегот е финансирање на турската политика по однос на сириските бегалци кои Анкара има намера да ги врати во татковината, но за кои е неопходно да биде таму создадена инфраструктура.