![erdogan parlament govor](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/erdogan-parlament-govor.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како што претходно беше најавено, во вторникот се огласи во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги посочувајќи дека постојат силни показатели дека неговата ликвидација била планирана, дека е убиен на гнасен начин и оти на одговорните треба да им се суди во Турција.
Во турскиот парламент претседателот Ердоган изрази незадоволство од тоа што официјален Ријад вината за убиството на новинарот во саудискиот конзулат во Истанбул ја префрла на своите разузнавачи и агенти и попвика на убијците на Кашоги да им се суди во Истнбул според Виенската конвенција за меѓународните договори кои даваат дипломатски имунитет, но од друга страна којашто ѝ дава право на земјата домаќин да влезе во конзулат во случај на сериозно кривично дело, да гони и да упаси ако е потребно кознуларни службеници.
Ердоган реле дека дел од саудиските агенти почнале да доаѓаат во Истанбул ден пред убиството, и оти камерите во конзулатот пред убиството биле исклучени. Тројцата агенти ја истражиле Белградската шума на северот од турскиот мегалополис и градот Јалова кој се наоѓа појужно. Тие локации беа посочувани и претходно како места на коишто е расфрлено телото на Кашоги.
Турскиот претседател истакна дека станува збор за планирана операција и политичко убиство, како и дека истрагата треба да даде одговор на уште три прашања: Зошто 15 луѓе пристигнале во Истанбул во време на убиството и по чија наредба? Зошто зградата на конзулатот веднаш не е отворена по барањето на турската полиција, туку по неколку дена? Кој е „локалниот соработник“ од турско потекло кој наводно го однел телото на убиениот новинар? Ердоган предупреди дека истрагата нема да биде завршена додека не се најдат одговорите на овие три прашања.
Потврди дека вкупно 18-те лица, коишто се уапсени во Саудиска Арабија за овој случај, одговараат на заклучоците на турските разузнавачи, како и дека на саудискиот крал Мохамед бин Салман му порачал дека саудискиот конзул во Истанбул е некомпетентен, дека тој потоа е сменет од должноста и вратен во татковината.
Турскиот министер за надворешни рабори, Мевлут Чавушоглу, пак, во понеделникот вечерта истакна дека Турција досега не споделила ниедна информација со ниедна земја во врска со истргата за ова убиство.
Говорот на Ердоган доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од објаснувањето на Ријад за смртта на колумнистот на The Washingotn Post во случајот што го нарушува имиџот на моќниот саудиски принц Мохамед бин Салман, кој со симпатии е прифатен од западните сојузници.
Директорката на американската Централна разузнавачка аегенција (CIA), Џина Хаспел, пристигна во Турција малку пред говорот на Ердоган во вторникот, за да помогне во истрагата за убиството.
Кашоги, кој живееше во егзил Вашингтон, исчезна по влегувањето во саудискиот конзулат во Истанбул на 2-ри октомври, за да добие документи за неговиот претстоен брак. Турската истрага се сомнева дека 59-годишниот новинар бил измачуван и убиен во конзулатот од страна на тим од 15 саудиски агенти и неговото тело било искасапено. По неколку седмици негирање, Саудиска Арабија на 20-ти октомври соопшти дека Кашоги бил убиен во „тепачка“ во конзулатот во неуспешен обид да биде испитуван истакнатиот дисидент.