Турскиот претседател Реџеп Таj ип Ердоган изјави во средата, во текот на неговата прва посета на Египет од 2012 година, дека Анкара е подготвена да соработува со Каиро во обновата на Појасот Газа.
Ердоган и неговиот египетски колега Абдел Фатах ал-Сиси одржаа заедничка прес-конференција во средата во Каиро по билатералните разговори, што претставува голем чекор кон обнова на односите меѓу двете регионални сили. Ердоган притоа рече дека хуманитарната трагедија во Газа била приоритет на нивните разговори.
„Ќе продолжиме да соработуваме и да се солидаризираме со нашите египетски браќа за да го запреме крвопролевањето во Газа“, рече Ердоган, додавајќи дека Турција е решена да ги интензивира разговорите со Египет на сите нивоа за да ги врати мирот и стабилноста во регионот.
Турскиот претседател вети и дека ќе ја зголеми трговијата со Египет на 15 милијарди долари на краток рок, додавајќи дека двете земји размислуваат за соработка во секторите на енергетиката и одбраната. Минатата година Анкара и Каиро разменија амбасадори, а овој месец Турција соопшти дека ќе го снабдува Египет со вооружени беспилотни летала.
„Би сакал да ја истакнам постојаната поврзаност меѓу нашите народи во изминатите десет години, додека нашите трговски и инвестициски односи бележат постојан раст“, рече ал-Сиси.
Односите меѓу Анкара и Каиро се влошија во 2013 година, откако тогашниот началник на египетската армија ал-Сиси го предводеше соборувањето на Мохамед Морси од радикалното движење Муслиманското братство кој со години живееше во политички егзил во САД, кој беше тогаш сојузник на Турција, кој стана првиот демократски избран претседател на Египет една година претходно. Радикалниот исламист Морси, се врати во Каиро по рганизирањето на масовните протести и превратот во Египет во 2011 година во рамките на ткн Арапска пролет со која африкансите и арапски муслимански земји беа соборени децениските авторитарни владетели а на власт дојдоа исламистичките влади.