Ердоган: Вистинска мета на истрагата сме јас и моите сојузници

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган уверува дека тој и неговите сојузници се вистинската мета по повод големиот корупциски скандал кој ја потресе владата и изрази радикални промени меѓу минстрите.

Ердоган вчера го смени речиси половина од својот кабинет, вкупно 10 министри по скандалот поради кој оставка поднесоа тројца министри, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Муамер Гулер.

Турските правосудни полициски власти приведоа, во рамките на истрагата која започна пред десетина дена, неколку десетина луѓе поврзани со владата на Ердоган, суспендираа 70 полицајци поради злоупотреба на службената положба и покренаа обвиненија против 24 лица меѓу кои и двајца синови на сега веќе поранешни министри како и генералниот директор на државната Халк банка.

Ердоган кој е лидер на конзервативната исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП) кој на чело на Владата во Анкара е од 2002 година, претходната тековна истрага ја нарече „валкана кампања против неговата влада“.

Турската опозиција го обвинува дека се обидува да владее преку „држава во држава“.

Познавачите на состојбите и светските медиуми оценуваат дека политичката криза во Турција е последица на тајната војна во која во политичкиот врв се судрија премиерот и неговиот поранешен моќен сојузник Фетулах Гулен, исламски свештеник кој живее во САД.