Ердоган во Индија, првата странска дестинација по референдумот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во недела престојува во посета на Индија каде што ќе разговара за трговските односи и борбата против тероризмот, а ова е неговото прво патување во странство по одржаниот референдум во Турција со која значително се големени претседателските овластувања, што го критикуваа неговите западни сојузници.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе престојува во дводневна посета на индиската престолнина Њу Дели аде што ќе се сретне со индискиот премиер Нарендра Моди и со други високи функционери, а ќе учествува и на индиско-турскиот економски форум.

Турската новинска агенција Anadolu најави дека Ердоган ќе ја истакне желбата Индија да ги затвори институциите, вклучително и училиштата, кои се поврзани со изламистичкиот имам Фетула Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД. Својот поранешен близок политички сојузни, Ердоган го обвинува за создавање „паралелна држава“ во турските државни институции и за неуспешниот воен преврат од 15 јули 2016 година.

По престојот на Индија, Ердоган ќе отпатува за Сочи каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, и, како што се очекува, во фокусот на нивните разговори ќе биде ситуацијата во Сирија.

Кон крајот на мај, турскиот претседател ќе замине во САД на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, а потоа во Брисел, на самитот на НАТО.