5.8 C
Skopje
четврток, ноември 14, 2024

Ересундски мост – импресивно здание кое ги спојува Шведска и Данска

Најдолгиот мост на светот, кога се гледаат мостовите кои минуваат низ државна граница, е Ересундскиот мост кој ги спојува Шведска и Данска.

Фоторепортерот на „Anadoly Agency“ направил фотографии од импресивното здание, за чија изградба бил направен и вештачки остров.

Мостот води преку Ересундскиот теснец и ги поврзува градовите Малме во Шведска и Копенхаген во Данска. Изградбата траела од 1993-та до 1999-та година, а официјално е отворен на 1-ви јули 2000-та година.

Преку мостот се протегаат четири сообраќајни ленти во две насоки и две пруги за железнички сообраќај.

Должината на мостот гледано од вештачкиот остров Пеберхолм, вклучувајќи и подводен тунел од четири километри, изнесува 7.845 метри.