Следејќи ја програмата за рехабилитација по срцевиот удар на годинешното европско првенство, 29-годишниот дански поренашен репрезентативец Кристијан Ерискен започна да тренира во клубот за кој настапувал во младешките години.
„Ериксен ни се обрати што е приредно бидејќи како момче играше тука и живее во близина. Тој тренира самостојно, а ние сме многу среќни штпо можеме да му овозможиме услови за тренинг“, изјави портпаролот на Одензе Болдклуб.
По срцевиот удар на теренот на првенството, Ериксен не игра а има вграден кардиовертер дефибрилатор. Италијанските медицински власти им забрануваат на играчите кои имаат таков удар да играат во Серија А, па Данецот не може да настапува за милански Интер.
Портпаролот на Одензе Болдклуб не знаел да каже кога Ериксен ќе започен да тренира кај нив и колку планира да тренира во клупските објекти.