Ериксон нов тренер на Камерун

Искусниот шведски тренер, Свен Горан Ериксон наскоро ќе ја преземе селекцијата на Камерун, иако беше блиску до клупата на Иран во изминатите неколку дена.
Ериксон (70), наводно, све договорил со Ирачаните, но во последен момент му се јавиле од челниците на камерунскиот фудбал и го убедиле да ја промени својата одлука.

Соработката треба да биде формализирана наскоро, а Швеѓанецот ќе потпише двегодишен договор.

Тој ќе има задача да ги подигне Камерунците по неиграњето на Светското првенство во Русија и да ги подготви за Купот на африканските нации кој ќе се одржи следната година во таа земја. Камерун ќе ја брани титулата освоена во 2017 година во Габон.

Поранешниот тренер на Англија, Мексико и Брегот на Слоновата Коска е без работа од јуни 2017 година кога доби отказ од кинески „Шенжен“. Швеѓанецот, меѓу другото, беше тренер и на „Рома“, „Лацио“, „Манчестер Сити“ и „Лестер Сити“.