Ќерката на Елвис Присли хоспитализирана по срцев застој

Единствената ќерка на рок-иконата Елвис Присли, пејачката Лиза-Мари Присли е хоспитализирана откако доживеала срцев удар, пренесе во четвртокот добро информираниот интернет таблоид TMZ, повикувајќи се на болнички избори.

Лиза-Мари Присли била итно пренесена во болница, откако тим на итната медицинска помош биле повикани во нејзиниот дом во Калабасас поради сомневање за можен срцев удар.

Се истакнува дека лекарите биле принудени да ѝ инјектираат адреналин на 54-годишната жена и да изведат директна масажа на срцето, за да ѝ го повратат пулсот.

Лиза-Мари Присли сега ја прими потребната терапија, но сѐ уште не е познато каква точно е нејзината состојба.

Според TMZ, Лиза-Мари заедно со нејзината мајка Присила во средата вечерта присуствувала на 80-то издание на доделувањето на филмските награди Златен глобус во Лос Анџелес. За потсетување, актерот Остин Батлер кој го толкуваше ликот на нејзиниот татко Елвис Присли ја освои главната награда во категоријата најдобар актер во драма.

Лиза-Мари Присли е единственото дете на Елвис Присли и неговата сопруга Присила Боле Присли. Лиза-Мари е позната како кантавтор. Таа е вдовица на поп-иконата Мајкл Џексон и поранешна сопруга на актерот Николас Кејџ.

Пејачка и текстописец има четири деца, меѓу кои и актерката Рајли Ки и нејзиниот син Бенџамин, кој изврши самоубиство во 2020 година. Лиса-Мари ја поседуваше и управуваше со неизмерно профитабилната компанија „Elvis Presley Enterprises“ до 2005 година, кога го продаде целиот бизнис. Таа сѐ уште е сопственик на Грејсленд, познатиот имот на Елвис во Мемфис.