Ерменија го обвини Азербејџан гранатирање на православна црква

Православната Црква Свети Христос Спасител во Шуша, во Нагорно-Карабах, сосема е уништена во ракетен напад на азербејџанската војска.

На фотографиите кои ги објавил Араик Арутјунјан, претседател на таа спорна област, се гледа уништената црква позната како Казанчецоц, обележје на Шуша, која е изградена пред повеќе од 150 години и до сега им одолеала на судирите кои во Нагорно-Карабах со прекини траат повеќе од 30 години.

“Овој вандализам против е против човештвото и Божјите закони. Ќе закрепнеме”, порачал Арутјунјан.

Црквата Свети Христос Спасител е градена од 1868-ма до 1887-ма и е седиште на епархијата Нагорно-Карабах на Ерменската апостолска црква.

Борбите во Нагорно-Карабах почнале на 27-ми септември, а Азербејџан и Ерменија меѓусебно се обвинуваат за избивањето на судирите.

Во Ерменије е објавена воена состојба и општа мобилизација, додека во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.