Ермитаж отворeн по пандемијата: Прима по 4.000 посетители на ден

Најголемиот музеј во Санкт Петербург и во Русија, Ермитаж, повоторно е отворен по прекинот на работа поради пандемијта и прима по 4.000 посетители дневно.

Генералниот директор на музејот, Михаил Пјотровски, во интервју за британското Би-би-си Радио 3, изјави дека вообичаено во летните месеци музејот има околу 22.000 посетители на ден, но годинава, поради големиот број ограничувања бројката на посетители е значително намалена.

-Ние сега пречекуваме околу 4.000 гости на ден, иако по правило овој период бројката е над 10.000 луѓе на ден… Кога сме кај потребата да се вратат овие бројки, во мигов се разговара за можноста за бесплатни посети на ученици, студенти и пензионери, со спонзорите на музејот – изјави тој.

Пјотровски ја истакнува обединувачката улога на музеите во време на пандемија.

-Додека изолацијата зема сѐ поголем замав, музејот, напротив, е дестинација на различни групи луѓе. Организиравме изложба на кинескиот уметник Жанг Хуанг. И, за нас е важно тоа што изложбата на кинескиот маестро беше прва во Ермитаж по пандемијата на коронавирусот, што пак, почна да се шири низ светот од Кина. Тоа беше еден знак на солидарност – вели Пјотровски.

За еден месец музејот ќе ја отвори изложбата „Железно време – Европа без граници“, организирана во соработка со германски музеи.

-Одржуваме заеднички изложби со нашите колеги од Германија и покрај политичките разлики меѓу земјите. Културата е поважна од политиката или економијата – смета генералниот директор на Ермитаж.