![pelister meskov brest](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/pelister-meskov-brest.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Еурофарм Пелистер не успеа да ја помине четвртфиналната пресметка во СЕХА лигата, битолскиот колектив е елиминиран од Мешков Брест.
По првиот пораз во Битола, Еурофарм Пелистер отпатува на гостувањето со -4, но и таму битолската екипа загуби со иста разлика.
Еурофарм Пелистер само неколку минути од почетокот на средбата беше во егал со противникот, за потоа домаќините да си ја преземат иницијативата и играта. На крајот конечни 35:31.
Интересен е податокот што сега Мешков Брест кој е патник на завршниот Ф4, би можел да удри на вториот македонски претставник, тимот на Вардар, доколку секако „црвено-црните“ успеат да ја задржат предноста која ја имаат против „плинарите“ од Загреб со +4 од првиот натпревар.
Во редовите на Пелистер најефикасни беа Стипе Мандалиниќ и Обрадовиќ со по пет постигнати голови, кај победникот Валјупов беше најефикасен со 11.