Ерупција на индонезискиот вулкан Мерапи

Вулканото Мерапи на индонезискиот остров Јава, еден од најактивните на светот, исфрли во вторникот облаки од пепел на околу 6.000 метри во воздух поради што морал да биде затворен и блискиот аердором.

Вулканската ерупција траела повеќе од седум минути, објави Геолошкиот центар за истражување природни катастрофи.

„На локалното население му е советувано да остане мирно, како и да се занимава со своите вообичаени активности, надвор од радиус од три километри од жариштето“, се наведува во соопштение на центарот.

Пепелта и песокта кои и исфрлил во воздухот Мерапи, кој се наоѓа во близина на културниот индонезиски центар Јогиакарта, паѓале на земјата на места оддалечени и до десет километри.

Властите привремено го затворила меѓународниот аеродром во градот Солу, четириесеттина километри од вулканот.

Последната голема ерупција на 2.968 метри високиот Мерапи беше во 2010 година кога повеќе од 340 луѓе загинаа, а над 60.000 беа раселени.

Мерапи е најактивен од 127-те индонезиски вулкани. Индонезија се наоѓа во ткн Пацифички огнен прстен, сеизмички најактивното подрачје на планетата.