Во индонезиското цунами 429 загинати

Во цунамите кое во саботата ги погоди крајбрежните области на индонезиските острови Јава и Суматра, 429 луѓе загинале, 1.485 се повредени, а 154 лица се пријавени за исчезнати, соопштија властите во вторникот.

Како што истакнал портпаролот на националната агенција за справување со последиците од природни катастрофи BNPB, Сутопо, Пурво Нугрохо, бројот на жртвите ќе продолжи да расте, бидејќи тимовите за потраги и спасувања и натаму наидуваат на тела на настраданите.

Повеќе од 16.000 лица се принудени да ги напуштат своите домови и привремено да се сместат на повисоки терени. Во стихијата оштетени се 883 домови, 73 хотели и пансиони, 60 продавници и 434 пловила.

Цунамито во саботата вечерта се струполи на јужниот врв на островот Суматра и на западниот брег на осторвото Јава. Се претпоставувадека цунамито било предизвикано од подводни свелчишта кои ги покренала ерупцијата на вулканот Анак Кракатау.

Илјаднции индонезиски полицајци, војници, спасувачи и волентери на Црвениот крст и другите хунанитарни групи се испратени во најтешко погодените обласит, за да им помогнат на преживеаните и трагаат по телата на загинатите.

Според повеќето експерти, се претпоставува дека цунамито го предизвикал подводни свлечишта коишто најверојатно биле покренати од ерупциите на вулканот Анак Кракатау последните денови пред цунамито.

Телевизиските снимки покажуваат момент во кој водениот бран удира на плажата и преплавува станбени населби до градот Пандегланг на Јава носејќи со себе жртви, остатоци од разни предмети и куќи, стебла и парчиња метал. На стотици куќи и згради причинета е голема материјална штета, додека повеќе од три илјади жители се евакуирани на повисок терен. Покраинскиот воен командант Дуди Двириади изјавил дека на спасувачите и волонтерите им е наредено да пребараат најмалку 100 километри брегот во потрага по жртви.