Помала вулканска ерупција е забележана на планината Хаконе, популарна јапонска туристичка дестинација недалеку од Токио.
Таа ги присилила властите дополнително да го ограничат пристапот на подрачјето поради страв од можна нова поголема ерупција.
Јапонската метеоролошка агенција потврдила голема количина пепел во долината и го подигнала нивото на предупредување, пренесува Ројтерс.
-Тоа беше исклучително мал обем на ерупција, но постои можност за поголема, што може да го загрози поширокото подрачје, вели еден функционер.
Планината Хаконе е најпосетената туристичка дестинација на околу 80 километри западно од Токио, позната по своите топли извори и погледот на планината Фуџи.