Најновото од 20 дизајнери и модни куќи, гости од странство и едукативни проекти се само дел од десеттото јубилејно издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври.
Настанот ќе го отворат дизајнерот Јован Петровски со луксузните брендови SQUIRE и Blackout и Јована Филиповиќ со најновата колекција за пролет‐лето 2015, во мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје, додека втората вечер е резервирана за „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“ во ноќниот клуб „Станица 26“ со колекцијата за пролет‐лето 2015.
Викендот на 25 и 26 октомври ќе продолжи во салонот Ауди‐Порше Македонија. Во тој амбиент ќе ги видиме : LIDIYA GEORGIEVA, Оливера Штакоска, Ирина Тошева поддржана од My time, Никола Петровски, Le Brand, Стефанија Насеска и Олгица Ѓоргиева поддржана од Oxette.
Премиерно ќе се представат модната куќа HERA, Инес Шабан, „ JZJ by Zlatko Jovanovski“ и „Kufer by Andriana Dineva“ a за најмладите кои следат мода ја носиме модната продавница Софиленд со американски детски брендови. На дневната ревија на „Софиленд“ ќе гостуваат децата со Даунов синдром од здружението „Трисомија 21“ од Скопје со цел нивна подобра интеграција во социјалниот живот.