Ескалација на фудбалското хулиганство во Белгија

Насилните навивачки инциденто, кои се случија во неделата во текот на натпреварите од белгиското фудбалско првенство Бершот – Антверпен и Стандар Лиеж – Шарлроа, белгиската фудбалска асицијата ги опиша во понеделникот како „сцени од војна“.

„Мажи со качунки влегоа на теренот. Ова беа воени сцени и сликите се шокантни, натпреварот Стандард – Шарлроа не можеше да се одигра до крајот“, соопшти Белгиската фудбалска федерација (RBFA).

Министерката за внатрешни работи Анели Верлинден ги истакна „халуцинирачките настани и однесување на некои навивачи кои ја доведуваат во опасноста безбедноста на многумина“ и најави строги санкции.

Во неделата вечерта натпреварот меѓу Стандард и Шарлроа беше прекинат во 88 минута по многуте фрлања на чадни бомби од трибините и упадот на теренот на неколку десетици навивачи на домашниот тим од Лиеж.

Претходно во неделата, во текот на градското дерби меѓу Берпшот и Антверпен, навивач на условно речено гостинскиот тим го мина целиот терен и фрли факел на трибината на којашто беа навивачите на помалиот локален антверпенски клуб.

Овој навивач е „обвинет за обид за убиство и предизвикување пожар“, соопштија од RBFA.

„Огнот на запалена ткн ‘бенгалка’ достигнува температура меѓу 1.500 и 2.000 Целзиусови степени и предизвикува незамисливи изгореници. Петардите пукаат на 150 децибели и можат непоправливо да го оштетат слухот“, појаснуваат од RBFA и апелираат до клубовите да спроведуваат политика на нулта толеранција во поглед на употребата на пиротехнички средства на натпреварите.