Турските сили и сириските бунтовници денеска се судрија со владините трупи во северозападна Сирија, поддржани од руски воени авиони во интензивни судири околу последниот бунтовнички бастион во Сирија, соопштија руските и турските власти.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека повеќе од 50 сириски војници се убиени во близина на Идлиб во знак на одмазда за воздушните напади во кои загинаа двајца турски војници, а петмина се ранети.
Разговорите меѓу Москва и Анкара, кои поддржуваат различни страни во сириската деветгодишна војна, не успеаја да постигнат компромис и да ја надминат директната конфронтација во провинциите Алепо и Идлиб.
Во исто време, високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) Филипо Гранди упати апел веднаш да прекине непријателството за да се овозможи евакуација на стотици илјади бегалци во безбедната зона.
Денешните судири следуваат еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе започне воена операција против сириските владини сили, доколку не се повлечат од областите што ги држат бунтовниците.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Турција обезбедила артилериска поддршка на милитантите и дека притоа се ранети четворица сириски војници.
Руски воени авиони потоа ги нападнаа милитантите кои ги пробија владините позиции во две области во провинцијата Идлиб, овозможувајќи и на сириската армија да ги одврати, соопшти руското Министерство