Ескобар: Дијалогот меѓу Македонија и Бугарија да остане врз основа на факти

Специјалниот претставник на Стејт Департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на брифинг за новинарите говореше за резолуцијата за поддршка за влез на Македонија во ЕУ од Сенатот на САД.

На прашање на Канал 5, Ескобар рече дека САД ги ценат и Макеоднија и Бугарија како членки на НАТО и дека дијалогот меѓу двете земји треба да се заснова на факти.

„Сакам да почнам со тоа што ќе кажам дека и Македонија и Бугарија се ценети НАТО членки и сојузници и сакаме мирно решение на сите прашања, но го охрабруваме дијалогот меѓу Македонија и Бугарија да остане врз основа на факти и вкоренет во заложбата Македонија да продолжи да има ЕУ перспектива. И верувам дека имаме осигурувања од Бугарија дека тие сакаат Македонија да биде дел од ЕУ. Сакаме да ги искористиме тие можности бидејќи Македонија треба да биде целосен кандидат и итен кандидат за членство во ЕУ.“, рече Ескобар.