Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави за новинарите во понеделникот дека американската војска не планира да се повлече од Ирак, откако агенцијата Reuters објави дека имала увид во писмо на американската команда до властите во Багдад според кое американските трупи наскоро планираат да ја напуштат земјата.
„Не постои одлука да се напушти Ирак. Не знам какво е тоа писмо. Се обидуваме да дознаеме од каде тоа протекло и што е тоа. Меѓутоа, не постои одлука да го напуштиме Ирак. И точка“, им порачал на новинарите во Пентагон, министерот за одбрана Марк Еспер.
Додал дека САД се истрајни во борбата против џихадистичката групација Исламска држава во Ирак, заедно со сојузниците и партнерите.
Претходно во понеделникот Reuters објави дека американската команда до властите во Багдад испратила писмо во коешто се истакнува дека во текот на следните седмици ќе ги дислоцира своите единици од Ирак.
„Господине, во знач на почитување кон суверенитетот на Република Ирак и како што побараа ирачкиот парламент и премиер, коалициската војска (предводена од САД – CJTF-OIR), ќе ги премести всоите сило следните денови и седмици за да се подоготвиме за напуштање“, се наведува во писмото коешто според агенцијата е потпишано од бригадниот генерал Вилијем Сили Трети, командант на коалициските сили во Ирак.
Агенцијата Reuters од своја страна наведе дека автентичноста на писмото ја потврдиле и извои од ирачката армија.
Началникот на здружената команда на американсата армија, генералот Марк Мили, изјави за новинарите дека всушност станува збор за нацрт-писмо кое е несреќно формилирано и зборува за засилено преместување на американските единици во границите на Ирак. „Писмото е невешто формулирано, имплицира повлекување. Тоа не се случува“, рече Мили.
Ирачкиот парламент во неделата побара странските војски да ја нашупштат земјата, поради кршењето на нејзиниот суверенитет и предизвикување опасност по нејзината безбедност, откако во петокот во американски воздушен напад во Багдад беше убиен влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани кој допатувал во ирачката престолнина како гостин на властите.
Одлуката беше донесена едногласно со 170 гласови „за“. Меѓутоа, од неа отсуствуваа 158 пратеници, главно на сунитското и крудското малцинство.
Поради оваа резолуција, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со санкции за Ирак, ако ги протера американските сили и порача дека земјата траба да плати за базите кои ги изграделе САД.