Челниците на земјите членки на Европската унија постигнаа во четвртокот вечерта договор за Повеќегодишната финансиска рамка за следните седум години и планот за закрепнување, кои досега ги блокираа Унгарија и Полска, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Постигнат е договор за Повеќегодишната финансиска рамка и пакетот за закрпенувње ‘ЕУ на новото поколение’. Сега можеме да започнеме со спроведување и закрепнување на нашите економии“, објави Мишел на Twitter.
Постигнувањето на договорот значи дека сите членки го прифатиле компромисниот предлог за отстранување на унгарско-полската блокада на големиот финансиски пакет според кој одлуката за поврзување на доделувањето на европските средства со владеењето на правото, за што бирократите во Брисел отворија постапки против двете земји водени од конзервативни десни влади не би можела да се примени додека за тоа одлука не донесе Судот на ЕУ.
Унгарија и Полска го блокираа целиот пакет, бидејќи не се согласуваат доделувањето на заедничките средства на ЕУ да се условува, во конкретниот случај со процената на состојбата на владеењето на правото во некоја земја членка. На крајот, одредбата за механизмот за владеење на правото остана непроменета, а Унгарија и Полска преку интерпретативната изјава која ја подготви германското претседателствување со ЕУ дека мејанизмот ќе се користи објективни и непристрасно.
Во интерпретативната изјава се појаснува како и кога може да се активира меганизмот со кој се условува доделувањето на средствата со почитувањето на владеењето на правото. Според оваа изјава, Европската комисија нема да прегледа мерки според одредбата за механизмост на условеност додека не се разработат насоките за примена на механизмот, а тие насоки може да бидат довршени дури по одлуката на Судот на ЕУ. Тоа значи дека нема одлука за санкции пред одлуката на Судот.
Според усвоеното решение, „примената на механизмот за условеност ќе биде објектинца, праведна, непрострасна и втемелена на факти“, при што сите држави членки ќе бидат третирани еднакво и без дискриминација.
Покрај тоа, според интерпретативната изјава која ќе влезе во заклучоците на Европскиот совет, механизот на на исловеност ќе се применва само за програмите кои се финансираат во рамките на новиот седумгодишен буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 одина и планот за закрепнување, но не и за проектите кои се финансираат од сегашниот буџет за 2014-2020-та, чии средства ќе се користат до 2023 година.
Претходно беше предвидено дека механизмот ќе се применува за сите исплати од европскиот буџет од 1-ви јануари 2021 година, вклучително и за финансирањето од сегашниот буџет од кој средствата може да се трошат уште следните три години.
Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година изнесува 1.074 милијарди долари, а вонредниот инструмент за закрепнување на стопанствата погодени од пандемијата од коронавирусот наречен „ЕУ на следното поколение“ изнесува 750 милијарди евра, од кои 390 милијарди евра на државтеи членки ќе им се доделуваат како неповратна помош, а 360 милијарди евра преку поволни заеми.