ЕУ амбасадорот: Во личните карти не се пишува етничка припадност

Општата регулатива на ЕУ за заштита на лични податоци го забранува споделувањето на лични податоци како расна, етничка, политичка и верска припадност, одговори евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање, дали Законот за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива.

„Во Европската Унија, личните карти во моментов сè уште се регулирани од страна на земјите членки. Но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите правила кои се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи на сила во август 2021,“ одговори Гир.

Според него, усогласувањето на законодавството на државата со правилата и стандардите на ЕУ е важен процес.