ЕУ би можела да ја одобри вакцината против омикрон за три до четири месеци

Европскиот медицински регулатор објави во вторникот дека би можел да ги одобри вакцините прилагодени за заштита од варијантата омикрон на коронавирусот за три до четири месеци доколку биде потребно, и додава дека постојните вакцини и натаму ќе пружаат заштита.

Извршната директорка на Европската агенција за лекови (ЕМА), Имер Кук му се обрати на Европскиот парламент и притоа кжа дека сѐ уште не знае дали производителите ќе мора да ги прилагодата вкацините против омикрон варијантата, но наведе дека ЕМА се подготвува за таквата можнсот.

„Доколку има потреба за промена на сегашните вакцини, би биле во позиција да ги одобриме за три до четири месеци. Компанииј кои ги прилагодуваат своите формули за да се вклучат во новото секвенционирање (…) тогаш ќе мора да покажат дека функционира прозиводствениот систем, а потоа ќе мора да спроведат одредени клинички испитувања за да утврдат дека тоа и функционира…“, додаде Кук.

Челникот на американската фармацевтска компанија „Moderna“, Стефан Бансел, во вторникот ги стресе финансиските пазари со предупредувањето дека сегашните вакцини против коронавирусот веројатно нема да бидат ефикасни против омукрон варијантата, како што беа против делта варијантата.

Меѓутоа, Кук порача дека „дури и доколку новата варијанта повеќе се прошири, сегашните вакцини ќе продолжат да пружаат заштита“.

ЕМА во февруари годинава објави нови насоки за забрзување на процесот за одобрувањата за прозиводителите коишто ќе ги модифицираат своите вакцини за да бидат ефикасни против новите варијанти.

Омикрон варијантата на коронавирусот има неколку клучни мутации како и претходните две варијанти – бета и гама, кои ги прават помалку ранливи на вакцините.