Земјите од ЕУ на самитот во Луксембург постигнаа договор за забрзана депортација на илегалните мигранти, како една од мерките за решавање на кризата со сириските бегалци.
Првично, ќе се враќаат лицата за кои е оценето дека се економски мигранти, кои во најголем дел доаѓаат од сиромашните земји во Африка, а не од завојуваните подрачја.
По неколкумесечните тензии со повеќе од 600.000 лица кои пристигнаа во Европа годинава, Брисел презема сазилени мерки, фокусирајќи се врз засилените гранични контроли и намалувајќи ја иницијативата луѓето да дојдат на Континентот.
Оние на кои што не им е потребна меѓународна заштита мора да се вратат во земјите од каде потекнуваат, вели министерот на Луксембург Жан Аселборн.
Меѓу првите што ќе се враќаат се државјани на земјите од Западен Балкан, кои беа прогласени за безбедни.
Според високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, ЕУ не се обидува да ја префрли одговорноста врз земјите од Западен Балкан.
Одреден е и буџет за помош за африканските и другите сиромашни држави за да го прифатат враќањето на своите граѓани на кои не им е дозволено да останат во Европа.