ЕУ ќе бара алтернативни извори на енергија, но тоа нема да се случи преку ноќ

Блокот ќе бара алтернативни извори на енергија, но тоа нема да се случи преку ноќ, ветува Жозеп Борел

Европската унија ќе се одвикне од природниот гас што го испорачува Русија во наредните години, вети во високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Во изјава за телевизијата Еспанола,  Борел рече дека членките на ЕУ дошле до заклучок дека се премногу зависни од рускиот гас.

„Прво ќе биде јаглен, потоа нафта, но, ќе биде потребно повеќе време за фазно да се укине рускиот гас, бидејќи мора да се прилагодиме, не можеме да одиме од 40% на 0% преку ноќ“, рече тој. И Русија знае дека ќе престанеме да го купуваме нејзиниот гас“.

„Русија сака да го продаде својот гас, но не нужно на нас“, додаде Борел, повикувајќи ги земјите-членки на ЕУ доброволно да ја намалат потрошувачката на енергија, така што властите нема да мора да спроведуваат задолжителни ограничувања.

Дипломатот на ЕУ, исто така, рече дека блокот веќе направил напори да го намали рускиот гас. „Веќе почнавме да штедиме“, истакна тој.

„Намалувањето на просечната температура на греење во Европа за еден степен е еквивалентно на заштеда на 6% од гасот.

Според Борел, пред да избие конфликтот во Украина, Европа увезувала околу 40 отсто природен гас од Русија, но таа бројка сега е намалена на околу 20 отсто.

„Ги одобривме речиси сите санкции кон Русија што можевме да ги имаме“, рече тој.
„Но, ситуацијата со гасот е спротивна. Поентата не е во тоа што ние не сакаме да го купиме, поентата е дека Русија може да одбие да ни го продаде“.

Претходно оваа недела, земјите на ЕУ се согласија да ја намалат нивната употреба на гас како подготовка за потенцијален целосен прекин на испораките од Русија. Планот за вонредни состојби ќе предвидува земјите-членки доброволно да ја намалат потрошувачката на природен гас за 15% помеѓу август 2022 година и крајот на март 2023 година. При усвојувањето на оваа контроверзна шема, членките на ЕУ се надеваат дека ќе го ублажи влијанието доколку Москва одлучи да ги запре испораките.

Иако планот предизвика одреден протест во блокот, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го бранеше, велејќи дека ЕУ „мора да биде подготвена за најлошото сценарио“, додека ја опишува Москва како „не доверлив партнер за снабдувањето со енергија на Европа. ”

Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли шпекулациите за намерите на Москва да прекине да ја снабдува ЕУ со гас. И покрај тензичните односи меѓу Москва и Брисел поради руската воена кампања во Украина, Гаспром е „подготвен да испорача колку што е потребно“, но ЕУ е таа што „сама затвори сè“, рече тој.