ЕУ ќе ги ограничи плаќањата во готово на 10.000 евра

Европската Унија одлучи да го ограничи плаќањето во готовина на 10.000 евра заради борба против перењето пари. Одлуката ќе важи од 2027 година, а ќе има исклучоци за физички лица при продажба. На пример, ако се купува автомобил од сосед, ќе може да се плати во неограничен износ на готовина, но само ако соседот има застапништво за автомобили.

Германија е меѓу земјите кои во моментов нема ограничување за плаќање во готовина. Секој што сака да плати повеќе од 10.000 евра во кеш мора да се легитимира и да докаже од каде ги има парите. Продавачот е должен да ги евидентира и зачува овие податоци.

Новите регулативи на ЕУ им даваат на националните институции поголеми овластувања во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Покрај тоа, банките, казината, продавачите на луксузни стоки и давателите на крипто средства ќе мора да ги проверат своите клиенти и да пријават сомнителни трансакции. Исто така, и фудбалските клубови и фудбалските агенти ќе мора да ги следат сите трансакции, пишува германски Tagesschau.