Европската унија е наклонета да го одложи излегувањето на Обединетото Кралство на три месеца, доколку британскиот премиер Борис Џонсон не успеа следната седмица да добие поддршка во парламентот за договорот кој во четвртокот го постигна со Брисел, пишува во неделата списанието The Times повикувајќи се на дипломатски извори.
Според изданието, Брисел е согласен со тоа дека Велика Британија може да ја наушти ЕУ и порано во следниот тримесечен период, а датумот за раздружувањата ќе биде поставен меѓу 1-ви и 15-ти ноември, декември или јануари, доколку договорот биде ратификуван пред крајот на рокот за продолжувањето.
Според информациите на The Times, одлуката на ЕУ за ова нема да биде донесена сѐ додека не стане јасно дали премиерот Борис Џонсон ќе може да добие одобрување за договорот од страна на Долниот дом на британскиот парламент. Доколку британскиот премиер се соочи со сериозни тешкотии, на пример, дококу парламентот го задолжи да распише втор референдум за брегзитот, тогаш одделни членки на ЕУ, во прв ред Германија, ќе инсистираат на позначајно одложувње на брегзитот, на пример, до јуни 2020 година.
Европски извор за германската новинска агенција DPA, истовремено, открива дека смета оти ситуацијата во Британија е „многу нејасна“ и дека ЕУ не сака да донесе одлука за одложување на брегзитот поради стравувањата дека британскиот парламент во меѓувреме би можел да го ратификува договорот. Не ја исклучил можноста двете страни да го прифатат договорот до 31-ви октомври, но дека и во тој случај би можело да се спроведе „техничко“ одложување за да се финализира тој процес. Договорот треба да го ратификуваат и британскиот и европскиот парламент.
Европски дипломати и службеници во неделата за британската новинска агенција Reuters откриле дека завосно од развојот на настаните во Лондон, опциите за одложување на брегзитот варираат до еден дополнителен месец, до крајот на ноември, па до рокот од половина година или подолго.
Европските амбасадори на кусиот состанок со главниот европски преговарач Мишел Барние во неделата формално го започнале процесот на ратификацијата, рекле дипломатски извори за агенцијата под услов да останат неиуменувани. „Го примија на знаење“ барањето на Џонсон за одложување испратено во саботата, а претседателот на Европскиот совер, Доналд Туск, следните денови ќе се консултриа со европските челници по ова прашање.
На вонредната седница на британскиот парламент во саботата беше спречен обидот на владата на Џонсон да добие согласност за договорот со ЕУ. Имено пратениците го одобрија амандманот на предлог-договорот, поднесен од конзервативниот пратеник Оливер Летвин со кој стана бесмислено гласањето за договорот за брегзитот кое требаше да се случи до саботата вечерта. Потоа, британскиот премиер во согласност со законот донесен под притисок на противниците на брегзитот официјално побара тримесечно одложување на рокот за раздужувњето до 31-ви јануари 2020 година.
Сепак, Џонсон не го потпиша ова писмо и потоа испрати лична порака до Туск, во којашто посочува дека самиот тој е против одложувањето на брегзитот, бидејќи тоа „ќе им штети на интересите на Велија Британија“, како и на партнерите на Лондон во ЕУ.
Вкупно Џонсон испратил три писма: едно на Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, фотокопија од текстот на кој законот, познат камо Бенов закон, го присилува да го напише, потоа повратна забелешка на британскиот амбасадор при ЕУ, и третото псимо во кое вели дека тој лично не е за продолжување на рокот.