Европската комисија ќе може да прогласи вонредна состојба во областа на јавното здравство на ниво на целата Европска унија, што е една од мерките за посилен одговор на здравствени кризи во ЕУ кои во вторникот ги поддржаа европратениците.
Пратениците со 542 гласови „за“, 43 „против“ и 9 воздржани договорот со Советот за давање поголеми овластување на Европскиот центар за спречување и контрола на болеста (ECDC), како и низа мерки за подобар одговор на сериозни прекугранични закани за здравјето за 544 гласови „за“, 50 „против“ и 10 воздржани.
Европската комисија ќе може да прогласи вонредна состојба во областа на јавното здравје на ниво на ЕУ и така ќе ги покрене механизмите за следење на недостиг од лекови или да ја активира поддршката на ECDC. Овој Центар ќе соработува со ЕК, националните и европските тел, меѓународните организации за да се осигура нивната усогласеност.