Европската унија побара во понеделникот од кубанските власти да ги одобрат протестите и да го „слушна“ незадоволството на населението, по историските протести кои според западните медиуми избувнале ширум оваа островска земја, додека Вашингтон ги негира обвинувањата за сопствената вмешаност, истакнувајќи дека тие протести се наводно „спонтани“.
„Го поддржуваме правото на народот да се изрази на мирен начин и ги молиме властите да ги одобрат овие протести и да го сослушаат незадоволството на тие што протестираат“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел по состанокот на министрите на земјите членки во Брисел.
Кубанците имаат право да протестираат, додаде Борел, повикувајќи ја владата во Хаваната да ги сослуша нивните поплаки, наводно во врска со Covid-19 и недостиг од лекови и храна.
„Станува збор за протест каков што не сме виделе од 1994-та. Сакам да го истакнам правото на кубанскиот народ да го изрази на мирен начин своето мислење и сакам да побарам од владата да ги послуша нивните протести на незадоволство“, додаде Борел.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, ијзави претходно во понеделникот дека се чини дека „големите протести го избувнаа на Куба се спонтани и вдахновени од суровата реалност на секојдневниот живот“.
Псаки ги негираше обвинувањата од кубанските водечки функционери дека САД се вклучени во поттикнување на протестите кога предупредија дека демонстрантите во гратчето близу Хавана ќе побарараат „хуманитарна интервенција“ од Вашингтон.
Портпаролката на Белата куќа додаде дека една од компликациите покрај способноста на Куба да добие дози од вакцините против коронавирусот е и тоа што Куба не е учесник во меѓунарондаата програма за набавка на вакцините Covax.
Но тоа се чини слаб аргумент, бидејќи Куба самостојно разви две вакцини против Covid-19, а имајќи ги предвид и тесните врски со Русија и Кина не би имала проблеми во набавката на вакцините.
Според информациите на западните медиуми добиени од постови на социјалните мрежи кои не може да се проверат од трети независни извори, илјадници Кубанци „фрустрирани од повеќемесечната криза, епидемиолошките ограничуваа и владиното занемарување на народот“, протестирале во неделата во парот на гратчето со 50-ина илјади жители Сан Антонио де лос Бањос, во настан без преседан. Според истите извори, протестите се прошириле и ширум остравската земја и зафатиле многу градови.
Кубанскиот претседател Мигуел Дијас-Канел го обвини во понеделникот странските платеници за поттикнување немири, а САД дека со речиси осумдецениското ембарго предизвикуваа недостиг од храна и лекови. Предупреди и дека последните седмици е забележана зголемена активност на социјалните мрежи и интернет со цел да се собори власта во земјата.