![boing 737 maks](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/boing-737-maks-e1552495839582.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (EASA) ги суспендираше во вторникот вечерта сите летови во просторот на Европската унија на авионите од моделите „737-8 MAX“ и „737-9 MAX“ на американскиот производител „Boeing“.
„EASA одлучи да ги суспендира сител летови (…) на моделот Boeing 737-8 MAX и 737-9 MAX“, беше соопштено.
Запирањето на летовите со наведените типови летала настапи во вторникот во 20 часот по средноевропско време.
„Се запираат и сите комерцијални летови кои ги изведуваат операторите од трети земји при доаѓањата во ЕУ, во рамките на унијата, и поаѓањата од ЕУ а горенаведените модели“, се додава во објавата.
Во понеделникот и во вторникот низа земји во светот го суспендираа летовите на авионите од моделот „Boeing 737-8 MAX“ поради падот во неделата утрото на летало од овој модел во Етиопија во кој настрадаа 157 патници и членови на екипажот. Меѓу нив имаше поединечно и членки на ЕУ.