Европската комисија го поздрави во петокот одложувањето на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за тоа дали ќе се воведат царини на увезените автомобили, првенствено од Европската унија и од Јапонија, и порача дека е подготвена да преговара за трансатлантскиот трговски договор, кој би ги вклучувал и автомобилите.
„Го поздравуваме тоа што без оглед на одредените несогласувања, ЕУ и САД остануваат доследни на договорот кој го склучија претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и американскиот претседател Доналд Трамп на 25-ти јуни 2018 година. Оттаму, дополнителните царини во двата правца може да се избегнат“, се наведува во писмената изјава на еден од портпаролите на ЕК.
Европската комесарка за трговија, Сесилија Мамстром, напиша на Twitter дека ја отфрла тезата дека европскиот извоз на автомобили претставува закана за американската национална безбедност, додавајќи дека ЕУ е подготвена да преговара за посебен трговски договори, кој би ги вклучувал и автомобилите, но не за договор кој би гри кршел правилата на Светската трговска организација (СТО – WTO). Малмстром додаде дека за трговските односи ќе преговара со американскиот трговски претставник Роберт Лејтизер во Париз следната седмица.
Во извештајот на американското министерство за трговија од 17-ти февруари година, имено, се предупредува дека „истражувањата и развојот на автомобилската индустрија се клучни за националната безбедност“. „Американската одбранбена индустрија зависи од автомобилскиот сектор за развојот на технологиите битни за одржување на нашата воеан надмоќ…. Во последниет три децении растот на увозот на автомобили и резервни делови, а во спрега со другите елементи, им осигурил на странските производители да стекнат конкурентска предност пред американските производители“, се оценува во споменатиот извештај.