Европската унија, откако нејзините земји членки и сојузнички, протераа повеќе десетици руски дипломати, го осуди во петокот како „неоправдано“ протерувањето на 18 дипломати од нејзината мисија во Русија и оцени дека таквата мерка само ќе ја „влоши меѓународната изолација“ на Москва.
„Дипломатите го извршуваат своите должности во зададената рамка и со целосно почитување на Виенската конвенција за дипломатскит односи. Нема никакви причини за одлуката којашто денеска ја донесоа руските власти, освен што е тоа возвратна мерка. Начинот на постапување кој Русија го изрбра само ќе ја влоши меѓународната изолација“, тврдеше портпарокот на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
Москва протера 18 вработени во делегацијата на Европската унија, како одмазда за протерувањето на 19 руски дипломати од Брисел претходно месецов, соопшти во петокот руското министерство за надворешни работи.
„Руската страна оцени дека ЕУ е одговорна за доследното уништување на архитектурата на билатералниот дијалог и соработката за коишто беа потребни децени да се формираат“, се наведува.
Еврпската унија на 5-ти април, во јасните тенденции на Западот да ги прекинат сите односи со Русија и да ја прикажат за меѓународно изолирана земја, прогласи 19 руски дипломати за непожелни поради наводно „занимавање со активности кои се противни на нивниот дипломтадипломатски статус“, и им е наредено да ја напуштат Белгија, земјата домаќин.
Повеќе од 200 руски дипломати се протерани последните седмици од земјите на Европската унија, а Русија во меѓувреме соодветно одговори или, како што најави, тоа ќе го стори во следниот период.