ЕУ: Гуаидo повеќе не е легитимен привремен претседател на Венецуела

Државите челници на Европската унија во понделникот не ја признаа легитимноста на привремениот претседател Хуан Гуаидо во Венецуела, што претходно го бараше Европскиот парламент.

Гуаидо останува „привилигиран соговорник“, но Европската унија не го смета повеќе за легитимен провремен претседател.

Откако левичарскиот венецелскиот претседател Николас Мадуро вкон ракоот на 2018 година го освои вториот мандат, Хуан Гуаидо како претседател на парламентот во кој мнозинство имаше опозицијата, со поддршка на САД се самопрогласи за привремен претседателот на земјата, кој подоцна под влијание на Вашингтон го призна и Европската унија, односно вкупно 50 земји американски сојузници во светот. А таков сѐ уште го сметаат САД и Велика Британија.

Европскиот парламент тогаш во својата резолуција бараше од државите членки да го признаат „континуитетот на Националното собрание на Венецуела избрано во 2015 година и неговиот легитимен преседател Хуан Гуаидо“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика изјави тогаш во Европскиот парламент дека Унијата никогаш не го признала Гуаидо за претседател на Венецуела, бидејќи немало консензус од државите членки.

Во заклучоците кои во понеделникот ги усвоија министрите за надворешни работи на државите членки на ЕУ, се наведува дека парламентарните избори одржани на 6-ти декември минатата година биле „испуштена можност“ за демократијата, бидејќи се одржани без национален договор за изборните услови и не биле во согласност со меѓународните стандарди за демократските процеси.

Според заклучоците на Советот, ЕУ смета го смета Гуаидо за дел од демократскта опозиција.

„Советот повторно повикува да се обезбедни слободата и безбедноста на сите политички опоненти, особено на претствниците на опозициските партии избрани во Националното собрание во 2015 година“, се наведува во заклучоците.