Четири централно-европски држави соопштија денеска дека не го прифаќаат планот на Европската унија за прифаќање дел од мигрантите кои бараат азил, објави МИА.
Словачка, Чешка, Унгарија и Полска познати и како Вишеградска четворка се спротиставуваат на предложениот систем за распределба на мигрантите.
Во соопштение тие велат дека тој план е неприфатлив. Тие изразуваат подготвеност да се има солидарност со Италија и со Грција во врска со мигрантската криза, но само на доброволна основа.
Словачкиот прмеиер Роберт Фицо изјави денеска дека се размислува во владата да се спроведе референдум за планот ако тој биде одобрен.