ЕУ му порача на Лондон дека нема да има нови преговори

Европската унија нема повторно да преговара за предлог-договорот за излегувањето на Велика Британија од блокот со кој се согласи британската премиерка Тереза Меј, ијави во вторникот претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во периодот кога расте загриженоста дека нејзниот наследник би можел да се судри со Брисел.

„Ќе се сретнам со Тереза Меј, но мислам дека бев кристално јасен – нема да има нови преговори“, рече Јункер пред постанокот на челниците на ЕУ во Брисел.

Откако Меј најави дека ќе остапи од должноста, почна натпреварувањето во владејачката Конзервативна партија за избор на нов челник и нов премиер кој би можел да заговара порепително разидување со ЕУ.

Кандидатот за лидер на британските конзервативци и актиелен министер за надворшни работи, Џереми Хант, претходно во вторникот дека за предлог-договорот за брегзитот кој во ноември го договори Тереза Меј, треба повторно да се преговара, додавајќи дека ирскиот „бекстоп“ би можело да биде применет.

„Потребен ни е нов тим за преговорите, а во него треба да биде не само владата, туку и DUP и припадници на ERG. Мислам дека би требало да имаме и некого и од Шкотска и до Велс“, рече Хант кој споменувајќи го ERG, алудура на групата на Конзервативната патија и Европската истражувачка група , чиишто членови се залагаат за излегување од ЕУ без договор.

Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека верува оти се зголемува ризикот за излегување на Обединетото Кралство од Унијата без договор.