Европската унија и Сојузот на државите од југоисточна Азија (ASEAN) во средата во Брисел го одржуваат првиот самите фокусиран на економијата и климата, а челниците на ЕУ сакаат да издејствуваат заедничка изјава во којашто војната во Украина ќе биде опишана како „чин на руска агресија“.
Челниците на 27-те земји во ЕУ и девет од десетте челници на ASEAN се повикани на нејасното одбележување на 45 години од воспоставување на дипломатските односи. Во меѓувреме, Мјанмар, државата од спомената азиска групација земји е исклучен од самитот поради тоа што во земјата на власт е воена хунта којашто обвинувајќи ја за корупција и махинации ја собори цивилната влада којашто ја поддржуваше колективниот Запад.
Челниците разговараат за областите од идната соработка, вклучително и трговијата, зелените и дигиталните транзиции и здравството. Двата блока веќе го потпишаа договорот со кој на воздухопловните превозници би им овозможило полесно ширење на нивните услуги во двата региона.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен планира да издвои 10 милијарди евра јавни средства до 2027 година за вложувања во проекти во ASEAN, како што се обновливите извори на енергија и одржливото земјоделие.
„Гледаме голема побарувачка во регионот на диверзификација на нивните извори на вложувања и за работа со доверливи партнери“, изјавил без да даде конкретни показатели за Reuters функционер на ЊУ за регионот во кој доминацијата и влијанието на Кина е пораснато последната деценија.
ЕУ сака да ги прошири своите трговски врски надвор од договорот за слободна трговија со Сингапур и Виетнам, како и да преговара со Индонезија. Овие две регионални групации се едната за другата третиот најголем трговски партнер.
ЕУ, исто така, очекува земјите од ASEAN да покажат „доследност на меѓународниот поредок втемелен на правилата“. Брисел, покрај тоа, сака да издејствува изјава со којашто војната во Украина ќе биде опишана како „чин на руска агресија“, имајќи предвид дека речиси сите азиски земји не ја користат таквата формулација и избегнуваат какво и да е вмешување во украинската криза.
Функционер на ЕУ рекол дека блокот е „многу позитивен“ во поглед на можноста да биде донесена таква изјава, признавајќи дека тоа „не е лесна задача“. Имено, само Сингапур се приклучи на западните санкции против Русија, но другите девет земји – Индонезија, Малезија, Мјанмар, Филипини, Лаос, Тајланд, Виетнам, Брунеи и Камбоџа беа воздржани на гласањето во Обединетите нации во октомври за осуда на „руската анексија на украинските региони“.
Западните челници во своите изјави инсистираат дека на самитот на групата Г20, откако не успеаја да издејствуваат домаќинот Индонезија да не ја покани Русија, дека наводно на минатомесечниот самит на Бали усвоиле заедничка изјава во која „повеќето членки ја осудиле војната“ во Украина, но тоа никогаш официјални не беше објавено во таква форма.
Во изјавата на самитот ЕУ-ASEAN, исто така, се надеваат во Брисел, дека ќе биде повикано на смирување на ситуацијата во Јужното Кинеско Море, имајќи предвид дека многу земји на регионалниот блок полагаат право на делови од морето како и Кина, како и дека ќе се занимава со воениот удар во Мјанмар од февруари 2021 година, како и со нестабилноста на Корејскиот полуостров.