![neloski-ums](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/neloski-ums.jpg?resize=640%2C349&ssl=1)
Македонија нема друга опција освен ЕУ, но датумот не е копче кое преку ноќ ќе ни го подобри животот. Во овој момент во Македонија имаме деградација на правосудниот систем, гледаме скандали, и по сите параметри за корупција и криминал тонеме, вели за Анализа 24, Владимир Нелоски претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Нелоски посочи дека во денот кога Заев до во Брисел еден од најголемите турски криминалци објави снимка каде кажува дека се дружеле во домашна атмосфера.
– ЕУ едноставно не сака да седи на иста маса со партнер кој собира мафијаши и криминалци дома, нагласи Нелоски.
Тој додаде дека во овој момент не треба да се креваат надежите за оптимизам, за да не дојде до големо разочарување како што беше селфито во авион дека сме добиле датум, а таков датум немаше, но и политичката ситуација во Бугарија не ветува дека ќе се реши проблемот кој се создаде со потпишување на Договорот, бидејќи власта кога ги потпишуваше договорите со Бугарија и Грција велеше дека се затворени сите прашања, а гледаме дека еден од тие договори извади нови прашања и блокади кои ни стојат на патот кон ЕУ.
Нелоски посочи дека друг проблем за државава е тоа што власта се однесува како да сме еднопартиски систем и го одбива било кој предлог за било кој закон од опозицијата.
Кога власта не сака да разговара со опозицијата за прашања важни за граѓаните, тогаш опозицијата си има демократски алатки да им каже да се свестат. Опозицијата мора да биде вклучена во процесите. Ние како опозиција бараме било какви опции во Собранието за да има дискусија. Одбивањето на дискусија и амандмани од страна на власта личи како на еднопартиски систем и едноумие. Таму каде што се граѓаните и нивниот интерес под прашање ние ги подржуваме тие решенија, но не може нашите предлози да бидат одбиени кои се за подобрување на законите, нагласи Нелоски.