ЕУ ѝ нуди на Белорусија три милијарди евра, ако си замине Лукашенко

Европската унија е подготвена да ѝ даде на Белорусија три милијарди евра доколку од власта биде отстранет претседателот Александр Лукашенко и „спроведе демократска транзиција“, изјави во петокот шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, искажувајќи слични ветувања како и за Украина пред превратот во март 2014 година.

Европската комисија претходно во петокот извести дека на Европскиот совет му го претставила планот за економска поддршка за „идната демократската Белорусија“. Во Минск таквите најави и претходно ги оценуваа како неостварливи ветувања чија цел е да се предизвика бунт во Белорусија и обид за нејзино оддалечување од Русија.

„Со ова сакаме да ја искажеме доследноста кон луѓето во Белорусија. Овој план ќе биде активиран кога Белорусија ќе ја започне транзицијата кон демократијата, не пред тоа“, изјави Борел во Лисабон каде што учествува на неформалниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ.

„Лукашенко не е среќен со таа идеја“, тврди високиот претставник за безбедносна и надворешна политија на ЕУ.

Пакетот од три илијарди евра вклучува бесповратни пари и кредити за „Белорусија да ја стабилизира својата економија и да ги рефорира институциите“, извести Европската унија без разлика на фактот што белоруската економија во моментов не покажува знаци на пад. Парите за тоа би дошле од различни извори во ЕУ, кои сепак не ги прецизираат од Комисиајта.

Истовремено во петокот во црноморското летувалиште Сочи белорускиот претседател Алескандр Лукашенко е гостин на неговиот руски колега по должност Владимир Путин,

„Не знам дали е оддржан или не нивниот состанок, немам сознанија за него. Путин и Лукашенко не ме известуваат за своите агенди, па не знам. Путин е силен поддржувач на Лукашенко и тоа е јасно, но за нивната средба не знам ништо“, одговори Борел на новинарско прашање.

Понудата на ЕУ доаша ден откако меѓународната воздухопловна агенција ICAO најави истрага за принудното приземјување на авионот на компанијата „Ryanair“ на летото од Атина за Вилнус во Минск, откако како што тврдат белоруските власти добиле дојава за подментата бомба во авионот.

ЕУ истовремено има намера да ги засили постојните санкции против Белорусија со четврти пакет такви мерки, откако во приземјениот авион го привеле опозицискиот активист Протасевич кој живее во егзил, а во татковината осомничен за неколку дела во врска со поттикнување на насилни протести и бунт, како и тероризам.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас порача дека санкциите би можеле да ги опфатат клучните компании во секторот за вештачки ѓубрива, како и дека ЕУ би можела да ѝ оневозможи на владата на Белорусија издавање обврзници во ЕУ. Министрите на 27-те земји од ЕУ го разгледуваат проширување на листата со личности кои континуирано се под санкции. По минатогодишните претседателски избори на кои повторно надмоќни победи Лукашенко а Брисел не ги призна иако ја одби поканата на Минск да испрати набљудувачи, ЕУ воведе санкции за 88 лица кои ги смета за блиски на Лукашенко и за седум компании.

Европската комисија, како извршно тело на ЕУ, соопшти во петокто дека „ја поддржува желбата на белорускиот народ за мирна демократска транзиција“ по претедателските избори одржани во август 2020 година за кои упорно тврди дека „не биле ниту слободни ниту чесни“, иако никогаш не се презентирани докази за тоа, како и за тоа колкава е стварно е надмоќна поддршката за опозицијата, иако ланските протести против Лукашенко кои стивнаа по неколку месеци беа најмасовните досега.