ЕУ одобри француска помош за компании погодени од војната во Украина и санкциите против Русија

Европската Комисија одобри 155 милијарди евра помош, што Франција одлучи да ја пренасочи од пандемиската програма, кон зајакнување на ликвидноста на компании, погодени од војната во Украина и од санкциите против Русија.

Франција е првата земја од ЕУ, што доби зелено светло за поддршка на компании во рамките на кризни мерки што, поради руската инвазија на Украина, привремено им се ублажени прописите за државна помош.

-Програмата ќе овозможи Франција да ги ублажи економските последици од војната на Путин во Украина, како и ќе ги поддржи фирмите, погодени од актуелната криза и од санкциите, изјави потпретседателката на ЕК, Маргарет Вестагер.

Париз ќе ја финансира помошта од буџет од 300 милијарди евра, првично наменет за ублажување на економски последици од пандемската криза, а беше одобрен од Брисел во март, минатата година.

Корисниците на помошта, ќе имаат право на нови кредити, чиј дел ќе биде покриен со државна гаранција.