![begalci33 Унгарија ќе ги одбива барањата за азил на бегалците што не поднеле барање во Србија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/09/begalci332.jpg?resize=495%2C340&ssl=1)
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ го одобрија распределувањето во следните две години на 40.000 баратели на азил, кои се наоѓаат во Грција и Италија, низ земјите од Унијата.
Оваа одлука е времен и вонреден механизам за преселување на мигранти од Италија и Грција во други земји-членки во рок од две години. Тоа ги опфаќа лицата, кои имаат потреба од меѓународна заштита, а кои пристигнале и ќе пристигнат на територијата на двете земји во периодот меѓу 15 август 2015 година и 16 септември 2017 година, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.
Државите од ЕУ ќе добијат по 6.000 евра за секој прифатен мигрант. Данска и Велика Британија не учествуваат во оваа одлука, се вели во соопштението.
Тоа е важна политичка порака. Сега префрлањето на првите мигранти, кои имаат потреба од меѓународна помош, може брзо да почне, изјави луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн.
Прераспределувањето е доброволно и други земји од ЕУ досега ветиле да прифатат 32.256 баратели на азил. Целта е да се достигне бројката од 40.000 до крајот на годинава. Министрите разгледуваат, исто така, распоредување на уште 120.000 бегалци.